Принцот Хари пишува мемоари, а се знае кога ќе бидат објавени
Долгоочекуваните мемоари на принцот Хари ќе бидат објавени на 10 јануари, пишува Њујорк Тајмс.
Според странските медиуми, датумот на објавување на книгата е одложен поради смртта на кралицата Елизабета Втора, која почина на 8 септември.
Мемоарите се очекува да опфатат сè од детството на Хари до неговата воена служба во Авганистан, бракот со Меган Маркл, раѓањето на нивните деца, синот Арчи и ќерката Лилибет, а сите со нетрпение очекуваат да видат дали и што ќе открие за врската во кралскиот двор и периодот потоа тој реши да го напушти кралското семејство заедно со сопругата.
„Не го пишувам ова како принц каков што сум роден, туку како човек во кој се ретворив“, рече Хари претходно, истакнувајќи дека тој сменил многу улоги во текот на својот живот и дека се надева дека ќе им помогне на другите да ја разберат неговата приказна, за неговите грешки и научени лекции, и дека без разлика од каде доаѓа, има многу заедничко што ги поврзува.
„Длабоко сум благодарен за можноста да го споделам она што го научив во текот на мојот живот и возбуден сум што луѓето ќе ја прочитаат од прва рака приказната за мојот живот што е апсолутно вистинита“, рече Хари.
Се претпоставува дека средствата од продажбата на книгата ќе бидат донирани во хуманитарни цели.
Принцот Хари се уште не објавил ништо во оваа прилика.