Актуелно

(ФОТО) Голема дупка се појави сред улица во Центар

Плетвар со поројниот дожд доби длабока река, Драчево дупка на мост, а и Центар има свој адут, велат од граѓанската иницијатива Шанса за Центар.

„Деновиве се појави длабока дупка на сред парингот кој се наоѓа меѓу Зеленото пазарче и булеварот Кочо Рацин. Дупката е доволна широка и длабока за некој да пропадне во неа или да се заглави некое возило.
Дупката самата зборува за квалитетот на претходната изработка на асфалтот.

Случајот е пријавен и во службата на Општина Центар и очекуваме брзо да се поправи пред да се случи некоја несакана ситуација.

Почитувани сограѓани, пријавувајте ги сите вакви проблеми со слика за општината да може да реагира соодветно и да се превенира поголем проблем. Само ангажирани граѓани може да ги поттикнат и инститициите на ефикасен ангажман“, се вели во објавата.

На почеток