Актуелно

Остра закана до Западот: „Ако продолжите, Европа ќе исчезне во нуклеарна апокалипса“

Вјачеслав Володин, шефот на руската Државна дума упати остри закани до Европа.

Русија изјави дека Европа ќе исчезне во нуклеарната апокалипса доколку Западот продолжи да испраќа проектили во Украина.

Вјачеслав Володин, шефот на Државната дума, ја упати заканата откако полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски рече дека западните сојузници би можеле да испратат дополнително оружје во Киев.

„Европејците ќе имаат многу посериозни проблеми со таквите претставници од оние со кои веќе се соочуваат денес. Сикорски предизвикува нуклеарен конфликт во центарот на Европа. Ако се исполни она што го рече, Европа нема да постои“, рече Володин.

Сикорски рече дека рускиот претседател Владимир Путин го прекршил Меморандумот за безбедносна гаранција од Будимпешта од 1994 година, кој „го оправдува западните испораки на оружје“, пишува Дејли Мејл.

Украина се откажа од нуклеарното оружје што остана од распадот на Советскиот Сојуз и се приклучи на Договорот за неширење на нуклеарното оружје.

На почеток