Државата мора да најде решенија за кризата кои нема да значат нова нееднаквост или продлабочување на постоечката, вели Најчевска
Енергетската криза не засега сите. Таа нема да исчезне утре или задутре и секој станува одговорен за тоа како ќе се справуваме денес и утре со неа, велки професорката Мирјана Најчевска.
„Тоа не ја амнестира државата од одговорност.
Напротив. Таа мора да најде најсоодветни решенија кои нема да го загрозат развојот и кои нема да значат нова нееднаквост или продлабочување на постоечката.
За да се постигне ова, секоја промена во обврските поврзани со потрошувачката на енергија треба да биде транспарентна, комплексна, недискриминирачка и да води грижа за сите оние кои се наоѓаат во полоша социјална положба.
Во конкретната понуда на Регулаторната комисија според која распонот на плаќање за потрошена електрична енергија се движи: 210-420-630 и над 630 ова значи:
1. Јасно презентирање на критериумите врз основа на која е добиена најниската количина на потрошена енергија.
2. Елементи со кои ќе се адресираат разликите како: големина на семејство, место на живеење (со можност за парно или друг извор за затоплување), куќа или стан во станбен објект, …
3. Можност за пресметување на конкретна потрошувачка
4. Објаснување на предложениот распон меѓу тарифите.
Ваквиот пристап бара градење на посложена формула која барем рамковно ќе ги вклопи во себе разликите.
Се друго мириса на измама“, се вели во објавата