Актуелно

„ФитХаб“ слави втор роденден со настан каде се поканите сите

Пред две години на 26 јуни Скопје, но и Македонија го доби фитнес центарот кој доминира и се двои од останатите по многу нешта. За неколку денови односно на 25 јуни, слават и годишнина од нивното постоење, заедно со стотици вежбачи на кои им го смениле животот. На настанот проследен со многу вежбање, натпревари и забава, поканети се буквално сите.

Ве покануваме да бидете дел од нашиот 2 роденден. Натпреварувачите ние ќе ги донесеме, а вие навивачите. На 25.06.2022 год. сабота ги покануваме сите роднини и пријатели, непријатели, симпатизери на овој спорт и сите кои сакаат да видат како вежбаме веќе 2ра година, да дојдат, бодрат, викаат и навиваат и на крај да прослават заедно со нас. Им благодариме на нашитe вежбачи што ни веруваат, подржуваат и уживаат заедно со нас во тоа што го правиме“, напишаа од ФитХаб на Инстаграм.

За „ФитХаб“ сите ќе се согласат дека е тим на професоналци, каде што хигиената е на прво место, индивидуалниот напредок загарантиран, а резултатите се евидентни. За оние кои досега немаат тренирано, има така наречена група за почетници. Или во превод, по воведот и напредувањето, односно изведувањето на тренинзите со леснотија, секој ќе биде префрлен во напредните групи.

„За сите кои имаат желба да го зацврстат своето тело, да имаат повеќе енергија, да бидат по брзи, по силни. За сите оние кои сакаат да работат на себе. Без разлика дали се, биле и никогаш не биле физички активни. Намената на овие групи е да секоја индивидуа што за прв пат започнува со ваков вид на вежбање, добие вовед во медологијата на функционалениот фитнес. Што значи тоа? Тоа значи дека секоја индивидуа ќе мора да ги совлада најосновните движења во фитнесот како што се: Склекови, чучањеви, исчекори, стомачни, згибови (со помош на ластик ), како и ред други основни движења што се изведуваат со помош на реквизитите ѕвонче, еднорачен тег и медицинка. По совладувањето на сите овие движења , почетниците ќе можат да ги испробаат и самите да се предизвикаат во тренинзите кои најчесто ќе бидат во различен тип како што се : – да се изведат што повеќе рунди или повторувања (AMRAP) ; – да го завршат тренингот во што поскоро време(Fot Time); – да работат различни движења во опреден број и одредена минута (ЕМОМ). Секој почетник што ќе ги совлада сите движења и со леснотија ќе ги изведува тренинзите ке биде префрлен во напредните групи“, би објасниле од „ФитХаб“.

На почеток