Свет

Навални: „Моето вселенско патување продолжува“

Опозицискиот политичар Алексеј Навални во средата потврди дека е префрлен во друг затвор и дека е во карантин.

Навални на Телеграм напиша дека е префрлен во затворот ИК-6 со максимално обезбедување во селото Мелехово во Владимирската област, на околу 250 километри источно од Москва.

Навални, најодлучниот политички непријател на рускиот претседател Владимир Путин, претходно беше приведен во казнената колонија ИК-2 во Владимирската област.

Установата во градот Покров се издвојува меѓу руските казнено-поправни установи по особено строгите затворски рутини, кои вклучуваат стоење со часови. ИК-6 се наоѓа на околу 150 километри источно од него, пренесува АП.

„Моето вселенско патување продолжува“, напиша Навални во средата. „Се движам од место до место“, додаде тој.

Тој рече дека е во притвор под строг режим и во карантин, но не кажа зошто под кои околности.

На почеток