Поранешен службеник во американската амбасада фатен со дрога во Русија, осуден на 14 години затвор
Поранешниот вработен во американската амбасада, Марк Фогел, е осуден од рускиот суд на 14 години затвор за трговија со дрога, пренесе агенцијата Интерфакс.
Вчерашната пресуда против Фогел, кој ќе ја отслужи казната во затвор со максимална безбедност, доаѓа во време на криза меѓу Западот и Москва поради Украина, а оваа недела московскиот суд го продолжи притворот на американската кошаркарка Бритни Гринер за трговија со дрога, објави Ројтерс.
Вогел беше уапсен на московскиот аеродром Шереметјево во август 2021 година, кога кај него беше пронајдена дрога.
Тој претходно бил вработен во амбасадата, но во моментот на апсењето работел во американско училиште во Моква.
Фогел се изјасни за виновен по обвиненијата за шверц, складирање, транспорт, производство и преработка на наркотици, пренесе Интерфакс.
Во јануари, американскиот CBS News објави дека Вогел им кажал на адвокатите дека користел марихуана од медицински причини по операцијата на ‘рбетот.
Американската кошаркарка Бритни Гринер на 17 февруари беше уапсена на московскиот аеродром поради наводи дека во багажот имала неколку електронски цигари со канабис, а оваа недела притворот и беше продолжен до 2 јули.