Свет

Тројца Палестинци убиени на Западниот Брег

Израелските војници убиле тројца Палестинци во денешниот судир на Западниот Брег, соопшти израелската армија.

Армијата наведува дека војниците биле под оган во реонот на Џенин и дека осомничените пукале од возилото покрај патот.

„Вооружените напаѓачи почнаа да пукаат врз војниците, кои одговорија со боева муниција за да ги неутрализираат напаѓачите“, се вели во соопштението.

Палестинското Министерство за здравство соопшти дека загинале три лица.

На почеток