Зеленски по одлуката на Европската комисија: „Поблиску сме до победата“
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори на препораката на Европската комисија Украина да стане кандидат за членство во Европската унија.
Зеленски твитна и порача дека тоа „ќе ги доближи до победата“.
Тој се заблагодари на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за „историската одлука“ и додаде дека очекува позитивен резултат од Европската комисија следната недела.
Се очекува лидерите на 27-те земји-членки на ЕУ да разговараат за препораката на Комисијата на самитот следната недела во Брисел.
I commend the positive @EU_Commission Conclusion on 🇺🇦’s candidate status. It’s the 1st step on the EU membership path that’ll certainly bring our Victory closer. Grateful to @vonderleyen & each EC member for a historic decision. I expect the positive result from #EUCO next week.
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) June 17, 2022