Свет

Прва реакција од Москва откако Украина доби статус на кандидат за ЕУ

Пристигна првата реакција од Москва во врска со одлуката на Европската унија за одобрување за доделување на Украина статус на кандидат за Европската унија.

Одлуката на Европската комисија да и даде одобрение на Украина за статус на кандидат за Европската унија бара зголемено внимание од Москва, изјави прес-секретарот на рускиот претседател Дмитриј Песков, пренесува РИА Новости.

Песков, исто така, рече дека би било одлично ако европските лидери влијаат врз раководството на Украина и го охрабруваат трезвено да гледа на ситуацијата.

„Би било одлично ако европските лидери влијаеле врз раководството на Украина, оние кои донесуваат одлуки таму, да ги охрабрат трезвено да гледаат на ситуацијата. И покрај фактот дека тие се, се разбира, членови на една машина, членови на колективниот Запад, тие се уште ја разбираат потребата да се продолжи дијалогот“, изјави Песков за „Известија“.

На почеток