Свет

„Русија не го попречува извозот на храна“, вели Антонов

Русија не го попречува извозот на храна од Украина, но властите во Киев ги спречуваат товарните бродови да ги напуштат пристаништата во Црното Море, изјави рускиот амбасадор во САД, Анатолиј Антонов.

„Русија не се обидува да го попречи украинскиот извоз на храна. Ние многу добро ја разбираме важноста од обновување на снабдувањето на земјите на кои тоа им е потребно. Но, заминувањето на трговските бродови од пристаништата на Црното Море е попречено од активностите на властите во Киев“, изјави Антонов.

Амбасадорот изјави дека одлуката на властите од Киев била „да постават околу 420 мини“ и додаде дека „поради застарената градба често паѓаат сидра, што само ја зголемува нивната опасност“.

На почеток