Свет

Забрането е учење руски јазик во Николаев

Учењето руски јазик ќе биде забрането во украинскиот град Николаев, објави денеска украинската новинска агенција Униан.

„Извршниот одбор на Градскиот совет на Николаев донесе одлука да ја забрани употребата на рускиот јазик во средните образовни институции од 1 септември“, наведе Униан на Телеграм.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека украинските власти долги години водат политика на агресивна дерусификација и насилна асимилација, пренесе РИА Новости.

Тој истакна дека Русија сака да ја гледа Украина како пријателска земја, без забрана на рускиот јазик и култура.

На почеток