Актуелно

(ВИДЕО) Бајден падна од точак

Американскиот претседател Џо Бајден падна денеска додека возел велосипед.

На видеото објавено на Твитер од колумнистот Бени Џонсон се гледа како американскиот претседател вози велосипед до своите поддржувачи на плажата во Далавер.

Во моментот кога застанал, Бајден паднал од велосипедот со лицето надолу на асфалтот. Како што подоцна објавија медиумите, американскиот претседател не е повреден и се чини дека само се заглавил на педалите.

На почеток