Авторитетот и кредибилитетот што Брисел го имаше во Македонија сега се губи, вели Пахор
Според словенечкиот претседател, Борут Пахор, Македонците се апсолутно во право што се разочарани.
Во однос на Европската Унија(ЕУ) вели дека промената на името на државата било исклучително тешко, а тие не останале на зборот.
„Добро, јасно, тоа е поради блокадата на Бугарија која има право на вето, тоа не е возможно. Ама видете, како и да е, тој авторитет и кредибилитет што Брисел го имаше во Македонија сега се губи. Тоа им го кажувам на сите соговорници. Не е така само во Македонија, не само во Албанија туку и во Црна Гора, а понекогаш и во Србија. А сигурно и во Босна и Херцеговина“, вели Пахор за Тв 21.
За „Отворен Балкан“ вели дека е добра иницијатива. Вели дека тој бил еден од ретките европски политичари, ако не и единствен која ја поддржал оваа иницијатива во 2019 година.