Свет

Зеленски позираше за „селфи“ – „Ќе победиме“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска за време на посетата на Николаев, град на југот на Украина изјави дека „Украина дефинитивно ќе победи“.

Претседателот делеше медали и позираше за „селфи“ со војниците во подземното засолниште.

„Тоа се наши храбри луѓе. Секој од нив работи без престан. Дефинитивно ќе издржиме. Дефинитивно ќе победиме“, рече Зеленски.

Да потсетиме, руските сили стигнаа до предградијата на Николаев на почетокот на март, но Украинците ги одбиваа се до источните и јужните граници на регионот, каде што продолжуваат жестоките борби.

На почеток