Абазовиќ: Владата на Црна Гора нема да падне поради договорот со Српската православна црква
Црногорската влада нема да падне поради Основниот договор со Српската православна црква (СПЦ), изјави вечерва црногорскиот премиер Дритан Абазовиќ.
„Ако некој од колегите не сака да се занимава со ова и не сака да се придржува до принципите на правда и еднаквост, нека ѝ објасни на јавноста“, рече Абазовиќ и додаде дека никој не може да врши притисок врз премиерот на тој начин.
Абазовиќ рече дека не е во интерес на државата да види кој има поголем процент на верници, туку дека секој мора да има отворена врата.
„Важно е да го потпишеме Основниот договор со СПЦ, а не е точно дека се брзаме, тоа е пропаганда. Треба да добиеме текст каков што имаат сите верски заедници. Мислам дека ќе биде едногласно. – изјави Абазовиќ за ТВ Прва.
„Ако некој навистина сака да даде приоритет на некои теми и да живее во минатото, мислам дека тоа е проблем“, рече Абазовиќ.