Актуелно

(ВИДЕО) Голем шумски пожар на грчкиот остров Евија

Голем шумски пожар избувна на вториот по големина грчки остров Евија, а властите наредија евакуација на едно село, јавуваат грчките медиуми.

Пожарот се проширил на падините на планинската шума во Гаеја, а властите како превентивна мерка наредиле евакуација на селото Кремастос, бидејќи пожарот се приближил на 800 метри од некои куќи.

Околу 70 пожарникари се борат со огнот, со помош на девет противпожарни авиони и четири хеликоптери. Евија претрпе разорни шумски пожари минатото лето кои уништија околу една третина од површината под шуми.

На почеток