Бугарија сака да го прикаже силувањето на Македонија како сексуален однос во кој имало согласност, а молчењето го потврдува ова, вели Најчевска
Oткако шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи кажа дека нема да го коментира францускиот предлог засега, и ќе чека да се изјаснат земјите членки на Европската Унија(ЕУ), неговата постапка ја искритикува професорката Мирјана Најчевска.
„Кога се расправа за случај на силување прво прашање кое се поставува е дали жртвата јасно и недвосмислена кажала дека не го сака и не го прифаќа сексуалниот однос (се разбира освен ако не е дрогирана, нокаутирана или на некој друг начин онеспособена да каже НЕ).
Во моментот кога Бугарија сака да го прикаже силувањето на Македонија како сексуален однос во кој имало и има согласност, секое молчење го потврдува ова.
Не може отпосле да викаме дека сме силувани доколку во секој момент и на секој обид за пенетрација не се спротивставуваме, не викаме и не ставаме јасно до знаење дека не сакаме да имаме сексуален однос и дека сме силувани.
Нема отпосле.
Има во секој момент.
Не може другите да не бранат а ние да молчиме“, вели Најчевска.