Македонија

Партиски избори на ДУИ во 10 ограноци

Демократската унија за интеграција денеска ќе организира директни партиски избори во 10 ограноци за претседатели и членови на претседателството на ограноците, како и за претседатели и членови на локалните совети.

Како што најавуваат од партијата, ограноците на Брвеница, Боговиње, Чашка, Долнени, Гостивар, Студеничани, Теарце, Тетово, Врапчиште и Желино, денеска на демократски и рамноправен начин, почитувајќи го принципот еден член еден глас, ќе избираат свое раководство за нов мандат.

По завршување на изборниот процес, како што најавуваат од партијата, претседателот на ДУИ Али Ахмети во партиското седиште во Тетово ќе одржи прес-конференција во 18:30 часот на која ќе ги соопшти изборните резултати.

На почеток