Македонец се удави во Црна Гора
Од
Објавено на
Дваесет и двегодишен млад маж од Македонија се удави денеска околу 18 часот на плажата Утјеха, меѓу Бар и Улцињ, пишува Новости.
Жителите на Утјеха дознале дека младото момче денеска пристигнало во овој мал залив каде што требало да работи сезонски.
Од полицијата потврдија дека младиот човек се удавил и дека на телото немало траги на насилство.