Свет

Нови дојави за бомби во Загреб

Загрепската полиција вчера соопшти дека утврдила дека дојавата за можна експлозивна направа во три трговски центри била лажна.

Од полициската управа на Загреб за Хина изјавија дека полицијата околу 21 часот ја завршила постапката во врска со пријавата за можна експлозивна направа во Арена Центар и Авенија Мол и трговскиот центар на улицата Шкорпикова.

Како што додаваат, истрагата за околностите на инцидентот продолжува.

Претходно загрепската полиција добила дојава за можна експлозивна направа во три трговски центри во областа на Загреб.

Полицијата пред две недели добила 11 пријави за поставени експлозивни направи во повеќе трговски центри и објекти во Загреб, а пријавите биле лажни.

На почеток