Актуелно

Британија: Русија не може да добие целосна надмоќ во воздухот

Министерството за одбрана на Велика Британија го објави најновиот разузнавачки извештај за ситуацијата во Украина.

Како што беше соопштено, руските копнени и тактички воздушни операции останаа фокусирани на централниот дел на Донбас во текот на викендот.

Британското министерство во извештајот додава дека руското воено воздухопловство досега немало никакви резултати во конфликтите.

„Русија не може да добие целосна надмоќ во воздухот, ретко продирајќи длабоко подалеку од украинските линии. Со години, поголемиот дел од руската борбена обука веројатно е главно дизајнирана да ги импресионира високите функционери наместо да развие динамична иницијатива меѓу воздушните екипажи“, се вели во извештајот.

To Top