(ВИДЕО) Нов силен земјотрес го погоди јапонскиот град Сузу
Од
Објавено на
Земјотрес со јачина од пет степени според Рихтеровата скала денеска го погоди градот Сузу во северна Јапонија, соопшти Јапонската метеоролошка агенција.
Истиот извор наведува дека епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри и дека нема опасност од цунами.
Градот Сузу се наоѓа на врвот на полуостровот Ното на брегот на Јапонското Море.
Земјотрес го погоди овој регион и вчера попладне.