Свет

Ле Пен: Се повлекувам

Претседателката на Националното собрание Марин Ле Пен најави дека ќе поднесе оставка од раководството на таа партија.

Таа рече дека сега ќе се посвети на водењето на пратеничката група во новото свикување на францускиот парламент.

Таа ја даде изјавата за ТВ БФМ, откако нејзината десничарска партија постигна историски резултат од освоените 89 пратенички места во вториот круг од парламентарните избори одржани вчера.

На парламентарните избори коалицијата „Заедно“ на францускиот претседател Емануел Макрон не успеа да го задржи апсолутното мнозинство во Долниот дом.

Наместо потребните 289 места, „Заедно“ освои 245 места во парламентот со 577 места, додека левичарската коалиција Нупе, Жан-Лук Меланшон, освои 131 место.

На почеток