Актуелно

(ВИДЕО) Филмска потера пред Ватикан: Албанец немсто да застане, додал гас, па удрил во оклопно возило

Филмската потера се случи во неделата пред самиот Ватикан. Италијанската полиција била принудени да пука во гумите на возило чиј возач одбил да запре откако ја пробил полициската ограда на улицата Павле Шести, објави италијанскиот „Кориере дела сера“.

Наместо да застане, возачот на БМВ дал уште повеќе гас па следела потера, а автомобилот конечно бил запрен од полициска блокада кога удрило во оклопно возило.

Полицијата потоа го опколила автомобилот, но возачот се забарикадирал, па морале да го скршат стаклото за да го извлечат, а откако ги нападнал, тие употребиле електричен пиштол за да го приведат.

Двајца полицајци се повредени и пренесени во болница, но не се во животна опасност.

Сето тоа се случило пред многу туристи кои се собираат во близина на плоштадот Свети Петар каде го чекаат традиционалното обраќање на папата Франциско.

На почеток