Борељ ја повика Русија да го деблокира извозот на украинско жито: „Тоа е воено злосторство“
Шефот на ЕУ Џузепе Борељ ја повика Русија да ги деблокира украинските пристаништа и оцени дека руската блокада на извозот на милиони тони украинско жито е еден вид „воено злосторство“.
– Ја повикуваме Русија да ги деблокира украинските пристаништа. Незамисливо е, никој не може ни да замисли дека милиони тони жито се блокирани во Украина додека остатокот од светот гладува – изјави Борељ пред новинарите по пристигнувањето на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.
Џузепе Борел рече дека очекува Русија сепак да подлегне на меѓународниот притисок и дека ОН ќе успеат да постигнат договор за деблокирање на украинското жито.
Тој истакна дека ова е „вистинско воено злосторство“, пренесува Ројтерс.
– Блокирани се милиони тони жито. Милиони луѓе нема да имаат што да јадат. Војната ќе има драматични последици за светот. Ја повикуваме Русија да ги блокира пристаништата и да дозволи премин на овие производи. Ова е вистинско воено злосторство и не можам да замислам дека ќе трае долго. Не можете да го користите гладот на луѓето како оружје во војна – вели Борељ.