Свет

Данска официјално ја информира ЕУ: „Се приклучуваме“

Данска официјално ја информираше Европската унија дека одлучила да се приклучи на нејзината одбранбена политика.

За време на церемонијата на предавање, на која Данска ја информира ЕУ за својата одлука, европскиот министер за надворешни работи Жозеп Борељ му рекол на данскиот министер за надворешни работи Јепе Кофод дека Данците ја направиле Европа пообединета.

„Европската унија ќе биде посилна, ќе го зголемиме нашиот капацитет за дејствување. Европската одбранбена политика е нешто на што постојано се работи. Со оваа одлука вие целосно ќе учествувате во одлучувањето, во нашите воени мисии низ светот и во нашите одбранбени акции“, рече Борељ.

Тој го пофали фактот што две третини од Данците кои излегоа на референдумот гласаа за приклучување кон одбранбената политика на ЕУ, оценувајќи дека се работи за „јасно изразена волја“, објавено е на веб-страницата на Европската служба за надворешни работи.

„Бидете уверени дека ќе ги преземеме сите неопходни чекори за брзо и целосно вклучување на Данците во нашите мисии, во нашите операции, во нашата заедничка безбедносна и одбранбена политика и во нашите пошироки проекти. Има многу работа пред вас“, рече Борел.

На почеток