Свет

Рубљата е на највисоко ниво во однос на доларот во последните 7 години

Руската рубља зајакна во понеделникот во однос на американскиот долар на 55,44 рубљи за долар, соопшти Московската берза.

Со оваа стапка се тргува со американската валута за прв пат од јуни 2015 година. Падна и курсот на еврото, за 1,2 отсто на 58,15 рубљи за едно евро.

Руската рубља ја зајакна својата вредност во однос на странските валути, а притисокот врз неа се уште доаѓа од вишокот што се акумулира од извозот, односно од купувачите на руски гас, пишува Комерсант.

Руската влада, сепак, планира да ја доведе вредноста на националната валута на оптимално ниво од 70 до 80 рубли за еден долар.

Рускиот вицепремиер Андреј Белоусов најави оптимизација на курсот на рубљата. Според него, Централната банка на Русија се занимава со ова прашање и може да се очекува брзо враќање на рубљата на оптималниот курс, пренесува Russia Today, повикувајќи се на Интерфакс.

Рускиот претседател Владимир Путин неодамна изјави дека курсот на руската рубља со месеци покажува најдобра динамика меѓу валутите во светот, пренесува Biznis.rs. По првичните загуби, рубљата се врати на нивото што го имаше пред војната во Украина во април. Сепак, пресилната рубља во однос на странските валути не влијае на извозот, поради што руската влада одлучи да ја намали нејзината вредност.

На почеток