Свет

Украина извезла 55 отсто помалку жито

Украинското Министерство за земјоделство соопшти дека извозот на житни култури во јуни е намален за 55,5 отсто на годишно ниво, на само 777.000 тони.

Од тоа Украина извезла 689.000 тони пченка, 63.000 тони пченица и 21.000 тони јачмен.

За споредба, треба да се знае дека лани во тој период извозот на житни култури изнесувал вкупно 1.747.000 тони.

Имено, поради поморската блокада на Русија по избивањето на конфликтот, Киев не можеше да транспортира жито по морски пат, што доведе до криза со храна на глобално ниво, пренесува Teletrader. Имено, во многу земји цените на храната скокаат толку многу што населението од посиромашните земји можеби наскоро нема да може да го издржи.

Претходно, германските власти соопштија дека соработуваат со Полска и Романија на отворање на железнички линии што ќе се користат за испорака на украинско жито што сега е заробено во земјата.

To Top