Свет

Путин проговори за случајот со бившиот агент Скрипал

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека бившиот агент Сергеј Скрипал е „шпиун и предавник на својата земја“.

Путин на отварањето на Руската недела на енергетика во Москва им се обрати на учесниците, нагласувајќи дека рускиот енергетски сектор ќе отвори нови можности за инвестициски проекти и соработки.

Во таа прилика тој го коментираше и случајот со Сергеј Скрипал, кој заедно со својата ќерка беше пронајден во бесознание на почетокот на март оваа година.

Според неговите зборови, Скрипал е „шпиун и предавник на својата земја“, пренесува Спутник.

„Некои медиуми пробуваат да го представат како активист за човекови права. Скрипал е едноставно лош човек, што побрзо заврши оваа информативна кампања околу него, толку подобро“, изјави Путин.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток