Пет дена по катастрофалниот земјотрес и цунамито кои го погодија индонезискиот остров Сулавеси, во кој животот го изгубија 1.234 луѓе, се активираше вулканот Сопутан.
Рано утрово, вулканот кој се наоѓа на северниот дел од островот, на околу 600 километри североисточно од Палуа, еруптирал, но нема информација за евентуални жртви или штети од истиот.
Volcano erupts in Indonesia days after deadly quake, tsunami https://t.co/biugAPmqF5
— ALPHANEODESIGN Aoo123 (@alphaneodesign) October 3, 2018
Во земјотресот беа уништени повеќе од 65.000 куќи, а раселени беа повеќе од 60.000 луѓе на кои им е неопходна помош.
Времето за спасување на оние кои се под рушевините истекува, па властите стравуваат дека нивниот број може да биде многу поголем, пренесува Ројтерс.
Најмалку седум карго авиони слетаа денес на аеродромот во Палу носејќи хуманитарна помош.
Нови потреси се забележани на 1.600 километри јужно од островот Сулавеси.
