Свет

Дефект во Бугарија: Исклучен реакторот на нуклеарната централа Козлодуј

Вчера поради дефект, од енергетскиот систем на Бугарија е исклучен петтиот реактор на нуклеарната централа Козлодуј.

Во соопштението од прес-центарот на електраната се наведува дека реакторот е исклучен од енергетскиот систем на земјата поради дефект во системот на генераторот и активирање на електричната заштита во конвенционалниот, ненуклеарен дел, пренесува Bnr.bg.

Нема промена во состојбата на радијација во близина на нуклеарната централа, јавуваат медиумите.

Петтиот реактор беше вклучен во енергетскиот систем на земјата на крајот на мај по планираниот ремонт и полнење гориво со нуклеарно гориво.

На почеток