Актуелно

ОН: Немаме капацитет да му помогнеме на Авганистан

Обединетите нации (ОН) немаат доволно капацитет да бараат и спасуваат луѓе по разорниот земјотрес во Авганистан, изјави денеска Рамиз Алакбаров.

„Разговаравме за тоа со турската амбасада овде на терен и тие чекаат да им испратиме официјално барање“, рече Алакбаров, заменик-претставник на ОН во Авганистан.

Тој додаде дека ОН ќе можат да испратат такво барање до Турција само по разговори со локалните власти и кога ќе се утврдат вистинските околности на теренот, наведува британската агенција.

Во силниот земјотрес што синоќа го погоди руралниот, планински регион во источен Авганистан во близина на пакистанската граница, според претходните податоци, според локалните власти, загинале 1.000 луѓе, пренесува АП.

На почеток