„Македонија е нашата братска земја“, вели Вучиќ
Денеска официјално започна Самитот ЕУ-Западен Балкан. Претседателот на Србија Александар Вучиќ пред почетокот на самитот истакна дека е благодарен за поддршката од ЕУ, а денеска не очекува ништо посебно.
„Помина времето кога можеше да се уценуваат независни и слободни држави. Дојдовме овде кај еден пријател. Верувам во европската иднина и на Србија и на регионот. Заедно со нашите пријатели од регионот ќе се бориме за таа европска иднина. но почитувајќи се себеси. Зеднички можеме многу да направиме. Дека сме исплашени и тоа дека сме многу мали, а некои се многу големи, оставете го тоа, тоа се приказни за мали деца. Северна Македонија е нашата братска земја“, вели Вучиќ
Вучиќ изјави дека се надева, но не е сигурен дека ќе се најде решение за тргање на бугарското вето и деблокада на евроинтеграцијата на Северна Македонија.
– Разговарав утрово со премиерот Димитар Ковачевски и се надевам, но не сум сигурен, рече Вучиќ во изјава за новинарите во Брисел пред почетокот на самитот ЕУ-Западен Валкан.