Актуелно

Вучиќ денес во Брисел: Ни претстои тежок ден, ветувам ќе се борам за нашата земја

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека денеска ќе биде тежок ден во Брисел и дека ќе се бори за Србија.

Претседателот синоќа поради технички причини не можеше да зборува во живо на својот официјален Инстаграм профил, но најави дека денеска ќе зборува за горливи теми.

„Им се извинувам на сите, верувале или не, прв пат не ми работи телефонот, не ми работи ниту микрофонот. Утре ќе зборувам за горливи теми за граѓаните на Србија. Ни претстои тежок ден, а единственото нешто што им го ветувам на народот на Србија е дека ќе се бориме за нашата земја. Предавањето не е опција!“, порача Вучиќ на Инстаграм.

Претседателот учествува на Самитот на лидерите од Западен Балкан и ЕУ во Брисел, а ќе има билатерални средби со претставници на ЕУ и лидери од регионот.

Најавено е дека по Самитот Вучиќ и премиерите на Албанија и Северна Македонија, Еди Рама и Димитар Ковачевски ќе одржат заедничка прес-конференција.

На почеток