„Наместо зголемување на плати со СДСМ и ДУИ се добива поскапа струја“
„Криминалната власт на СДСМ и ДУИ наместо зголемување на платите, граѓаните ќе добијат драстично зголемена цена на електричната енергија“, вели ВМРО-ДПМНЕ.
Тие додаваат:
Граѓаните ги очекува нов ценовен шок, а владата мува не ја лази за тоа што граѓаните едвај врзуваат крај со крај. Како награда за граѓаните следува драстично зголемување на цената на струјата.
За неколку дена се очекува драстично покачување на цената на електричната енергија, токму заради криминалната власт на СДСМ и ДУИ.
Наместо за тендери за фамилијата Заеви изминативе години во РЕК Битола, државата требаше да врши ископ на јаглен и да произведува електрична енергија. Цената за ваквото неодговорно однесување денес ќе го плаќаат граѓаните со енормно високите сметки за струја.
И покрај најавеното покачување на цената на струјата, и покрај двоцифрената инфлација во државата, криминалната власт на СДСМ и ДУИ не ги покачува платите во јавниот сектор.
Владата на Ковачевски бега од своето ветување за линеарното зголемување на платите во јавниот сектор и за тоа се приморани вработените секојдневно да штрајкуваат.
За повисоки плати има пари во државниот буџет. Нека се откаже владата од непродуктивни трошоци, нека се откаже од луксузирање и парите нека ги пренасочат кон граѓаните.
ВМРО-ДПМНЕ ги поддржува протестите и барањата на вработените во јавниот сектор за зголемување на нивните плати. Власта нека се охрабри и нека го предложат предлогот на ВМРО-ДПМНЕ во ребаланс на Буџетот кој е во Собрание и нека ги зголемат платите за 2.806 денари.