Македонија

„Каранфилова Пановска работеше да го донесе Заев на власт, кој на Македонија и ги направи најголемите национални предавства“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Со партиската игранка од пред некој ден, СДС само потврди дека со неа сè уште раководи Зоран Заев. Заев ја води СДС преку неговиот неврохирург, Венко Филипче, кој е негова продолжена рака и преку избраните 40 потрчковци“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Неврохирургот на Заев, Филипче, на кој живи му изгореа 14 луѓе во модуларната болница во Тетово и кој без трошка срам и грижа на совест не понесе никаква одговорност, сега се продава како ново лице во политичката сцена.

Но секако, освен неговите 40 потрчковци желни за власт и позиции, никој друг не им верува, дури ни нивните членови, а најмалку македонските граѓани.

Неврохирургот на Заев, Венко Филипче освен што нема никаква грижа на совест и чувство за одговорност, очигледно е опериран и од срам, па така на партиската игранка за негова заменичка ја избрал поранешната претседателка на Сорос во Македонија.

За Фани Каранфилова Пановска, неврохирургот на Заев, Филипче рече дека во себе ги имала социјалдемократските вредности, а истата таа во Сорос земала плата од 3.400 евра.

Од јавно достапните информации од Фондацијата Сорос Македонија, можеме да видиме дека за 2014-та година земала бруто во износ од 2.030,118 денари. А на просечен македонски граѓанин, па и чесен член на СДС им треба пет години да работи за да стигне до оваа баснословна сума која, Каранфилова Пановска ја земала во една година.

Како со ваквите астрономски месечни хонорари и скапи журки по елитни хотели во Дубаи, неврохирургот на Заев, Филипче и потрчкото Каранфилова Пановска ќе им објаснат на јавноста дека се грижат за потребите на граѓаните и дека ќе креираат политики за доброто на државата.

Освен ова, Каранфилова Пановска не може да биде ново лице, затоа што таа е дел од луѓето коишто работеа да го донесат Зоран Заев на власт, кој пак е причината за катастрофалниот пад на СДС, но и за назадувањето на Македонија.

Каранфилова Пановска е уште една продолжена рака на Заев во СДС и дел од 40-те потрчковци на чело со неговиот неврохирург, Венко Филипче.

Сите лица во сегашното раководство на СДС се продолжение на партијата од периодот на владеење на Заев, кога на Македонија и донесе многу национални порази. Во СДС ништо не е сменето, а најмалку Заев“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток