Свет

Кинески војници во подготвеност: Американски авион над Тајванското Море

Кинеската војска денеска соопшти дека неодамнешниот лет на американски поморски авион низ Тајванското Море е намерно нарушување на мирот и стабилноста во тој регион.

Полковник Ши Ји, портпарол на командата на Источниот театар на Народноослободителната војска, во соопштението изјави дека Кина ги мобилизирала воздушните и копнените сили за следење на операцијата на американските авиони, што се одржа во петокот, пренесува Ројтерс.

Тој додаде дека Пекинг одлучно се спротивставува на овие американски акции и дека кинеските трупи се уште се во подготвеност.

Американската морнарица сè уште не се огласила за овој инцидент, според Ројтерс.

Најновите тензии во Тајванското Море доаѓаат откако Тајпеј во четвртокот објави дека ги подигнал воздухопловните сили да ги предупредат 22 кинески авиони кои влегле во зоната за воздушна одбрана.

Тајванското море е чест извор на воени тензии, а во последните години низ морето пловеа американски воени бродови и други сојузници на НАТО, како Британија и Канада, предизвикувајќи незадоволство во Пекинг, наведува британската агенција.

На почеток