Македонија

„Му нема спас, другари, Западот пропаѓа“, пишува Апасиев

„Колективниот Запад пропаѓа!“, ова е ставот на Димитар Апасиев, пратеник и лидер на Левица.

„Му нема спас, другари. Тоа е духот на Историјата. Само ако си платен сороспија тоа не го гледаш…

Се забранува абортус, се држат невини луѓе со години во самици во Гвантанамо без обвинение и без право на одбрана, се екстрадира новинар кој откри воени злосторства во Ирак и Авганистан – за да скапе доживотно у затвор, се пука секојдневно по школи, плоштади и кафичи, се замрзнуваат имоти на странци и странски државни резерви без судска одлука, се цензурираат медиуми, се зголемуваат класните разлики и бројот на бездомници, се воскреснува неонацизам… Никакви цивилизирани правила веќе не важат.

Ццццц, жал ме фаќа искрено. Каков цивилизациски колапс! Каде ли само исчезнаа вредностите на хуманизмот и Ренесансата!? Ќе завршите бетер од Југославија“, пишува Апасиев.

На почеток