Актуелно

Се чисти територијата на фабриката „Азот“ во Северодонецк

Припадниците на чеченската специјална единица „Ахмат“ и Народната милиција на Луганската Народна Република ја чистат територијата на хемиската фабрика „Азот“ во Северодонецк.

„Ја чистиме фабричката територија“, изјави борецот на специјалната единица „Ахмат“, пренесува РИА Новости.

Според него, на територијата на компанијата има многу магацини со оружје и муниција од странско производство. „

Видете како се е уредно наместено, односно оваа група се подготвувала за долга одбрана“, објасни тој. Тој додаде дека инфраструктурата на хемиската фабрика е многу сложен инженерски систем, вклучувајќи подземни објекти.

На почеток