Свет

Јапонија бара жителите на Токио да трошат помалку струја

Јапонската влада денеска ги повика луѓето во Токио и околината да трошат помалку електрична енергија бидејќи ќе има проблеми со снабдувањето со струја поради топлотниот бран.

Од Министерството за економија, трговија и индустрија очекуваат дека денеска ќе има зголемено користење на електричната енергија, затоа побара од граѓаните да ги исклучат непотребните светилки по 15 часот на три часа, за да можат да продолжат да користат клима уреди.

Во соопштението од неделата, Министерството наведува дека вишокот капацитет за производство на електрична енергија во и околу Токио се очекува да падне на 3,7 отсто денеска. Оттаму додаваат дека за стабилно напојување е потребен капацитет од 3%.

Откако некои нуклеарни централи го прекинаа производството поради земјотресот во североисточниот регион, во Јапонија имаше ограничено снабдување со електрична енергија. Властите исто така затворија неколку застарени фабрики за фосилни горива за да ги намалат емисиите на јаглерод.

За време на викендот, јапонскиот град Исесаки, кој се наоѓа на 85 километри северозападно од Токио, ја забележа највисоката температура во јуни за целата земја. Јапонската државна телевизија NHK јави дека 46 лица се пренесени во болница во Токио во неделата попладне поради последиците од топлотниот бран.

На почеток