Свет

(ВИДЕО) Падна трибина сред борба со бикови

Најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 300 се повредени кога во неделата се урна дел од трибината на арената за борби со бикови во градот Ел Еспинал во Колумбија.

Гувернерот на провинцијата Толима, Хозе Рикардо Ороско за локалното радио Блу ​​потврди дека е познато дека загинале четири лица – две жени, маж и малолетник, а неколку лица се водат како исчезнати, пренесува Би-би-си.

„Ги замолувам градоначалниците да не дозволат повеќе настани кои вклучуваат смрт на луѓе или животни“, рече новоизбраниот претседател Густаво Петро, ​​додавајќи дека ваква несреќа не се случува првпат.

Инцидентот се случи за време на традиционалната манифестација на „коралите“, кога граѓаните се охрабруваат да влезат во рингот со бикови.

Се стравува дека бројот на загинати дополнително ќе расте.

На почеток