Свет

„Поради западот ќе исчезнеме како држава“, вели Додон

Молдавија би можела да загуби дел од своите територии поради конфронтацијата со Русија наметната од Западот, изјави денеска поранешниот претседател Игор Додон.

„Не само што ќе изгубиме корисни економски односи со нашите партнери на Исток поради русофобната политика што ја водиме заедно со Западот, туку ризикуваме да загубиме и некои од нашите територии“, објави Додон на Телеграм, пренесува ТАС С.

Тој оцени дека како резултат на тоа Молдавија може да исчезне како независна држава.

На почеток