(ВИДЕО) Грузија ја затвори границата со Русија
Грузија привремено ја затвори границата со Русија поради обилни дождови, лизгање на земјиштето и оштетување на патот што ги поврзува двете земји во планинскиот регион.
„Поради вонредната ситуација, суспендирани се сите процедури на царинска контрола“, соопшти наплатната служба на грузиското Министерство за финансии, која управува со граничните пунктови.
Обилните дождови и излеаните реки го оштетија делот од патот што ги поврзува Грузија и Русија, пренесува Ројтерс.
Има само еден официјален граничен премин меѓу Грузија и Русија во планинскиот регион, долг 900 километри, кој главно носи товарен сообраќај.
Граничниот премин повторно ќе биде отворен откако ќе се санира патот и ќе го дозволат временските услови.