Актуелно

(ФОТО) Со „Застава” стигна во Грција, па го следат низ Лефкада како да е чудо

„Ти симнувам капа господине“, „Алал да ти е, тоа е подвиг, без клима“, се само некои од коментарите под фотографијата од Лефкада, а биле испратени до сопственикот на застава 128 кој со овој автомобил пристигнал во Грција и привлече огромен интерес на Фејсбук.

Фотографијата кај некои луѓе побуди носталгија и сеќавања на „среќни времиња“, кога ова беше прилично вообичаена слика.

Неколку децении подоцна автомобилот Застава 128 е причина за ваквите коментари во фејсбук групата „Грција инфо“: „Цар“, „128! Кој знае, можеби има вградена клима, сега луѓето прават секакви работи кога поправаат олдтајмери!”,” Нека ви служи уште 128 години! “,” Браво, мајсторе “,” Кул “.

„Што не е во ред, најдобар автомобил е оној што те носи од точка А до точка Б. Јас патував токму со таков автомобил во осумдесетите“, се присети една жена и го доби одговорот: „Тоа е поентата на сликата. Не е важно со што ќе дојдеш, битно е да стигнеш! Особено ако се работи за автомобил стар 30 години“.

Автомобилот стана атракција за следење низ Лефкада, па луѓето пишуваат дека го виделе и покрај други плажи.

На почеток