„Комисијата за европски прашања, останува комисија на дивиот запад, вели Милошоски
Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски вечерва, по инцидентот во Собранието, во изјава за ТВ21 посочи дека се покажало вистинското лице на власта.
„Комисијата за европски прашања може да се каже трагично, но сепак останува комисија на дивиот запад. Не заради членовите на комисијата, персонализирано е сметам поради претседателот на оваа комисија, пратеникот Арбер Адеми, кој што си дозволи, освен тоа што го кршеше деловникот и не даде процедурално на колегите пратеници да дадат предлози за Измена и дополна на дневниот ред, почна и со вербални вулгарности, со фрлање на тврди предмети, со насилство, со кршење на дел од инвентарот и благодарение на една или две совесни пратенички не стигна до поголем инцидент или поголема повреда“, вели Милошоски.