Ердоган ќе докаже дека Финска и Шведска се лицемерни

Турскиот претседател Ердоган изјави дека има намера да го искористи самитот на НАТО за да докаже дека Финска и Шведска се лицемерни во борбата против тероризмот.
Тој рече дека турската делегација оди во Шпанија на самитот на НАТО со цел да направи се што е потребно во согласност со правата и интересите на неговата земја, пренесува Тас с.
„На нашите колеги ќе им пренесеме документирани информации за лицемерието изразено во врска со терористичките организации како што се Курдистанската работничка партија, Народните сили за самоодбрана, организацијата Фетулах“, рече Ердоган.
Тој додаде дека има документи, информации и фотографии за активностите на групите кои Анкара ги означи како терористички.
