Актуелно

„Тоа ќе биде шамар за нас, а ние ќе одговориме со удар“, вели Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски изјави дека е подготвен да одговори на евентуална закана од Придњестровје со напад.

Запрашан дали Украина е во опасност од Придњестровје, каде што се распоредени руски мировници, Владимир Зеленски рече:

„Разговарав за ова прашање со претседателот денеска, за ризиците. Не би ги нарекол напади на Придњестровје врз Украина. Ако тоа се случи, мислам дека тоа би било глобална грешка. Добиваме различни сигнали, тие се непријатни“, рече Зеленски, на заедничка прес-конференција со молдавската претседателка Маја Санду по состанокот во Киев.

„Меѓутоа, треба да знаат тие луѓе кои се наоѓаат на привремено окупираната територија на Молдавија во Придњестровје: тоа нема да биде удар за нас, туку шамар, а ние ќе одговориме со удар“, рече Зеленски.

На почеток