Актуелно

„Секој обид да се допре до Крим, ќе биде трета светска војна“, вели Медведев

Секој обид да се допре до Крим ќе се смета за објава на војна на Русија, изјави заменик-претседателот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев.

Како што наведе, ако тоа го направи земја која е дел од НАТО, тоа ќе значи конфликт со целата Северноатлантска алијанса, тоа всушност ќе биде трета светска војна.

„Тоа би било целосна катастрофа“, рече Медведев во интервју за „Аргументи и факти“, а пренесува агенцијата РИА Новости.

Во декември 2014 година, Врховната Рада на Украина измени два закони, оставајќи го неврзаниот статус на државата.

Во февруари 2019 година, парламентот во Киев усвои амандмани на Уставот, со кои се обезбеди курсот на земјата кон ЕУ и Северноатлантската алијанса.

На почеток