(ВИДЕО) Најмалку три лица загинаа во судир на воз и камион
Три лица загинаа, а десетици се повредени кога патнички воз со над 200 патници излета од шините кај Мендон.
Возот излета од шините по судир со камион за ѓубре, соопштија денеска официјални лица.
#BREAKING: Reports of multiple fatalities after an Amtrak train carrying 243 passengers derailed near Mendon, Missouri after hitting a truck. Reports of multiple injured.
🎥 – Rob Nightingale via @KAKEnews
pic.twitter.com/SfGqx4ivAD— Moshe Schwartz (@YWNReporter) June 27, 2022
Несреќата се случила во понеделникот во 13:42 часот по локално време, изјави портпаролката на железничката компанија Амтрак, пренесе АП.
Две лица загинаа во возот, кој се движеше од Лос Анџелес кон Чикаго, а едно во камион, а се уште не се знае точно колку луѓе се повредени. Болниците објавија дека примиле повеќе од 40 пациенти, соопшти полицијата на државата Мисури.
Возот на Амтрак превезувал околу 207 патници и персонал кога судирот се случил во близина на Мендон, на рурална раскрсница на неосветлен пат без семафори, соопштија официјални лица.
Се уште се утврдува точниот број на луѓе кои биле во возот, а од шините излетале вкупно седум вагони, соопшти полицијата.
Засега не се знае зошто камионот бил на шините, изјави претставникот на Националниот комитет за безбедност во сообраќајот, напоменувајќи дека нивниот истражен тим „во следните неколку дена ќе собере докази зошто тој дел од пругата ќе биде запрен за сообраќај. ”
The train I was traveling on derailed on the way to Iowa near Mendon Missouri pic.twitter.com/YndSEEXkto
— Dax McDonald (@cloudmarooned) June 27, 2022